Tuesday, February 2, 2010

Водни животни(кит и делфин )


Китот е голем цицач кој целиот свој живот го поминува во вода. Китовите имаат рибовидно тело но нивните опашни перки се хоризонтални наместо вертикални како кај рибите. Тие имаат весловидни предни екстремитети. Нивната кожа е мазна и сјајна и, во зависност од видот, може да е црна, бела или да е со различни бои и шари. Под кожата се наоѓа тенок слој на масно ткиво, наречено китово масло, кое дава изолација и служи како извор на складирана енергија.Китовите не се риби. Рибите се ладнокрвни и дишат под водата користејќи жабри. Од друга страна, китовите одржуваат топла и константна телесна температура од околу 37 °C и дишат воздух со помош на бели дробови . За разлика од рибите, кои ги движат своите вертикални опашни перки од една страна на друга додека пливаат, китовите ги движат нивните хоризонтални опашни перки горе-долу за да се пропелираат себеси низ водата.

Делфинот е морски цицач. Тој е близок сродник на китот. Постојат речиси 40 видови на делфини распоредени во 17 родови. Тие варираат од 1,2 метри во големина и 40 kg во тежина, па сѐ до 9,5 метри и десет тони. Можат да се најдат насекаде во светските мориња, а најмногу во поплитките мориња на крајбрежните гребени. Делфините се месојади и најмногу се хранат со риби и лигњи. Фамилијата на Delphinidae е најголема во редот Cetacea и релативно најмлада: делфините еволуирале пред околу 10 милиони години, за време на Миоцен.Овие животни се сметаат за едни од најинтелигентните, а нивното пријателско расположение и игривост ги направиле популарни во човечката култура.




No comments:

Post a Comment