Tuesday, February 2, 2010

Кенгур..


Кенгур — најпознатото австралиско животно . За него е карактеристична торбата на стомакот од женката. во овој мек џеб се наоѓа бебето, кое на тој нечин се припива до својата мајка, цица и патува. Мошне распространет е големиот црвен кенгур (Macropus rufus), кој живее во суви, топли предели и за заштита од горештината, активен е ноќе.Во потрага по вода, може да ископа и дупки длабоки и до 1 метар. Се движи на долгите задни нозе, со скокови кои можат да надминат 10 метри. При скоковите, долгата опашка му помага при рамнотежата. Опашката му слуши и како кога застанува да се одмори, а со неа удира по земјата за да ги предупреди другите кенгури на некоја опасност. Предните нозе му се кратки и на нив има остри канџи што ги користи за собирање храна, за четкање на крзното и за одбрана. Впрочем, со само еден удар со шепите кенгурот може да распори куче.

No comments:

Post a Comment