Tuesday, February 9, 2010

Коала



Коала
(латински:Phascolarctos cinereus) е тревопасно животно . Тоа е ‘рбетник и спаѓа во торбарите. Коалата потекнува од Австралија. Коалата е најдена на крајбрежните региони од јужна и источна Австралија, од блиску Аделејд па се до јужните делови наКејп Јорк Пенинсула . Коалите од Јужна Австралија беа во поголем број истребени во раниот период на дваесетиот век, но од тогаш држава се преснабдено со Викториска стока. Коалата неможе да се најде во Тасманија или Западна Австралија.

Tuesday, February 2, 2010

Водни животни(кит и делфин )


Китот е голем цицач кој целиот свој живот го поминува во вода. Китовите имаат рибовидно тело но нивните опашни перки се хоризонтални наместо вертикални како кај рибите. Тие имаат весловидни предни екстремитети. Нивната кожа е мазна и сјајна и, во зависност од видот, може да е црна, бела или да е со различни бои и шари. Под кожата се наоѓа тенок слој на масно ткиво, наречено китово масло, кое дава изолација и служи како извор на складирана енергија.Китовите не се риби. Рибите се ладнокрвни и дишат под водата користејќи жабри. Од друга страна, китовите одржуваат топла и константна телесна температура од околу 37 °C и дишат воздух со помош на бели дробови . За разлика од рибите, кои ги движат своите вертикални опашни перки од една страна на друга додека пливаат, китовите ги движат нивните хоризонтални опашни перки горе-долу за да се пропелираат себеси низ водата.

Делфинот е морски цицач. Тој е близок сродник на китот. Постојат речиси 40 видови на делфини распоредени во 17 родови. Тие варираат од 1,2 метри во големина и 40 kg во тежина, па сѐ до 9,5 метри и десет тони. Можат да се најдат насекаде во светските мориња, а најмногу во поплитките мориња на крајбрежните гребени. Делфините се месојади и најмногу се хранат со риби и лигњи. Фамилијата на Delphinidae е најголема во редот Cetacea и релативно најмлада: делфините еволуирале пред околу 10 милиони години, за време на Миоцен.Овие животни се сметаат за едни од најинтелигентните, а нивното пријателско расположение и игривост ги направиле популарни во човечката култура.




Жирафа..


Жирафа е животно кое потекнува од Африка и е највисокото животно со најдолг врат.
Со просечна маса од 1190 кг., жирафата е најголемиот жив преживар.
Од сите цицачи, жирафата има најмалку потреба од сон - во просек помалку од 2 часа во деноноќие.
Должината на јазикот на просечна жирафа е околу 45 см. Со помош на јазикот, жирафата може потполно да го исчисти своето лице од инсекти како и да влече помали гранки од растенијата со кои се храни.
Срцето на просечна жирафа има проток од 60 литри во минута, тежи 12 кг., и создава притисок околу 3 пати повисок од крвниот притисок на човек, со цел крвта да може да достигне доволна циркулација во најоддалечените делови, посебно мозокот на жирафата. Крвните садови во вратот на жирафата имаат посебни залистоци кои спречуваат притисокот на крвта во главата да минува низ нагли промени кога животното нагло ја спушта или крева главата.

Кенгур..


Кенгур — најпознатото австралиско животно . За него е карактеристична торбата на стомакот од женката. во овој мек џеб се наоѓа бебето, кое на тој нечин се припива до својата мајка, цица и патува. Мошне распространет е големиот црвен кенгур (Macropus rufus), кој живее во суви, топли предели и за заштита од горештината, активен е ноќе.Во потрага по вода, може да ископа и дупки длабоки и до 1 метар. Се движи на долгите задни нозе, со скокови кои можат да надминат 10 метри. При скоковите, долгата опашка му помага при рамнотежата. Опашката му слуши и како кога застанува да се одмори, а со неа удира по земјата за да ги предупреди другите кенгури на некоја опасност. Предните нозе му се кратки и на нив има остри канџи што ги користи за собирање храна, за четкање на крзното и за одбрана. Впрочем, со само еден удар со шепите кенгурот може да распори куче.